Руската рубља падна на најниско ниво во последните 15 месеци по бунтот на групата „Вагнер“

– Руската рубља падна на најниско ниво во последните 15 месеци денес откако групата „Вагнер“ се побуни против руската администрација.

На првиот ден од неделата рубљата падна за 2,1 отсто, на 86,37 за еден долар, што е најниско ниво од март 2022 година.

Паравоената група „Вагнер“ ги обвини во петокот руските сили дека ги нападнале нејзините борци, а потоа групата премина од Украина во рускиот град Ростов на Дон. Како одговор, Федералната служба за безбедност во Русија отвори кривична постапка против „’Вагнер’ за вооружен бунт“. Рускиот претседател Владимир Путин го означи бунтот на „Вагнер“ како чин на „предавство“.

Шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, подоцна тврдеше дека неговите борци решиле да се вратат назад за да избегнат крвопролевање кога биле на 200 километри од Москва.