САД преземаат мерки за да се избегнат финансиски последици по банкротот на Банката од Силиконската долина
Властите на Соединетите Американски Држави преземаат итни мерки за зајакнување на довербата во банкарскиот систем и избегнување на поширока финансиска криза, по банкротот на банката од Силиконската долина.
Ненадејниот банкрот на Силиконската банка донесе итна реакција на американските власти, во рамките на напорите да се избегне ширење на последиците од најголемиот банкарски неуспех од 2008 година.
Преку мерки за зачувување на довербата во банкарскиот систем, администрацијата на претседателот Џо Бајден дејствуваше за да ги заштити депозитите во банката што пропадна.
Регулаторите рекоа дека клиентите ќе имаат целосен пристап до нивните депозити почнувајќи од понеделник – вклучително и милијарди долари неосигурани – и дека ќе создадат нова структура за да им овозможат на банките пристап до средства за итни случаи.
Банката од Силиконската долина беше водечки заемодавател на стартапи, претежно во технолошкиот сектор, во текот на изминатите неколку децении, карактеризирани со рекордно ниски каматни стапки, но изложувајќи ја банката на некои уникатни ризици.
„Банката треба да биде една од најбезбедните институции. Ова не е коцкање. Не ги инвестиравме парите на компанијата во криптовалути. Ги депониравме во реномирана банка со која работат повеќето технолошки стартапи“, вели Стефан Калб, извршен директор на технолошката компанија Shelf Engine.
Банкротот на банката во петокот минатата недела предизвика паника и неизвесност во текот на викендот, поради прашањата дали малите бизниси ќе можат да ги платат своите работници, додека Федералната корпорација за осигурување на депозити гарантира само депозити до 250.000 долари.
„Не можеме да ги платиме нашите клиенти. Што се случува кога десетици илјади компании не можат да ги платат своите клиенти бидејќи немаат пари во банка? Се соочуваме со нешто многу поголемо од неуспехот на мојата компанија, ова е тежок економски удар“, додава тој.
Во неделата, регулаторите затворија друга банка – Signature во Њујорк.
Професорот на Американскиот универзитет Џерард Чимицио рече дека двата случаи ќе имаат политички последици.
„Идејата дека има два пропаднати банки, вклучително и оној кој е втор најголем неуспех во банкарската историја, ќе има одредени последици и очекувам дека ќе има сослушувања во Конгресот“, рече Цимицио.
Американската централна банка, позната како Федерални резерви и Федералната корпорација за осигурување на депозити, во соопштението наведе дека клиентите на овие банки нема да изгубат никаков износ од депозитите во овие две банки, без да им наштетат на даночните обврзници.