САМО ЕДЕН ЗБОР: Совет на Фројд – како да се справите со злонамерните луѓе

Креаторот на психоанализата, Зигмунд Фројд, секако знаел да препознае глупави луѓе, но ни сето негово знаење не му помогнало сам да ја пронајде среќата во бракот. Сепак, вреди да се слушне неговиот совет како да се справите со завидливите и зли луѓе.

Луѓето се емотивни суштества и често критиките, осудите или навредите можат да не доведат до очај, непријатност и да ни ја срушат самодовербата. Треба да се прифати конструктивна критика од блиска личност на која и верувате, но навредите во комуникацијата можат да бидат отровно пикадо. Личноста која ве навредува има само една мисија, да ве повреди. Фројд велеше: „Силната личност никогаш не го презема товарот на туѓите изјави“.

Како всушност да се спротивставиме на навредите и лошото однесување?

Не се расправајте, туку кажете „Да“ на секоја негативна претпоставка со смирено лице. Моќта на мирното „да“ е во состојба да го раствори секој психолошки притисок, затоа што едноставно ја лишувате личноста од можноста да ве повреди со нешто и не се браните, докажувајќи го спротивното, туку едноставно го обезвреднувате секој негов напад, лишувајќи го непријателот на неговата цел.

Покрај магичното „да“, за да се заштитите од навреди, важно е да развиете самодоверба. Не дозволувајте вашиот мир да зависи од надворешно проценување. Здравата самодоверба е проценка на самиот себе, а мислењето за себе е вредносен суд, често површен и кој не цели кон најдобри цели, но мисијата може да биде омаловажување, претставување во поповолно светло од другата личност и навреди.

Фројд рекол: „Доколку сите луѓе се оценуваат само себеси и не се занимаваат со оценување на другите, грубоста би изумрела како феномен“.

Покрај овие, единствениот вистински начин да се заштитите од луѓе кои имаат тенденција да споделуваат навреди е целосно да се дистанцирате од нив. Почитувајте се – не дозволувајте токсичните луѓе да ви ја украдат енергијата. Опкружете се со позитивни луѓе кои ве сакаат, почитуваат и поддржуваат, затоа што вие тоа го заслужувате!