амо еден кандидат досега се пријавил на новиот оглас што го објави претходно овој месец новата Комисија за избор на кандидати за македонски судија во Стразбур, која беше формирана откако тројцата кандидати избрани од претходната Комисија не беа по вкусот на владата.
Како што објавува „Слободен Печат“, Комисијата добила информација дека, во петнаесетте дена од отворањето на конкурсот, до вчера, имало еден кандидат, а рокот е 5 октомври, значи уште петнаесет дена.
Новиот конкурс има речиси исти услови што мора да ги исполни иден судија во Европскиот суд за човекови права. Се бара кандидатот со државјанство на Република Македонија, со висок морален карактер, да ги исполнува потребните услови за вршење високи судски функции или да биде правен експерт со призната компетентност, да има најмалку 12 години искуство во соодветната професија, да биде помлад од 65 години, да има искуство во областа на човековите права, да има активно (ниво Ц) познавање на еден јазик и пасивно (ниво А) познавање на другиот официјален јазик на Советот на Европа (англиски и француски).