„САМО ОДЕДНАШ ПРОПАДНА“ – Драма на летот за Сиднеј! Авионот падна во силна ТУРБУЛЕНЦИЈА: Не бевме подготвени!
Лекарите на аеродромот укажале на тројца повредени патници кога авионот слетал во Сиднеј
Седум лица се повредени во авионот поради силни турбуленции за време на летот на Хавај ерлајнс од Хонолулу до Сиднеј, пренесува АП.
Авионот превезувал 163 патници и 12 членови на екипажот во четвртокот кога „наиде на неочекувана силна турбуленција некаде во петтиот час од летот“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.
- Авионот само пропадна. Не бевме подготвени – изјавил еден од патниците за ABC News.
Лекарите на аеродромот укажале на тројца повредени патници кога авионот слетал во Сиднеј, соопшти авиокомпанијата. Еден патник и три стјуардеси се испратени во болниците на дополнителни прегледи, додека стјуардесите оттогаш се пуштени од болничко лекување, соопштија од авиокомпанијата во понеделникот.