СДСМ: Мицкоски јасно изјави дека платите нема да се зголемат

Како што анализира Мицкоски, граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Поточно, податоците покажуваат дека во последните три месеци потрошувачката кошничка се зголемила за над 2 илјади денари. Тоа значи дека секој граѓанин во Македонија е посиромашен за 2 илјади денари во рок од три месеци, се вели во реакцијата на СДСМ.

„Само минатиот месец, Македонија забележа инфлација од околу 5 проценти, што значи дека вредноста на платите и пензиите што ги примаат граѓаните на земјата драматично се намалува од месец во месец.

Во исто време, Владата не презема никакви мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните. Мицкоски не само што не нуди решение, туку го отфрли и понуденото решение од страна на СДСМ за зголемување на минималната плата на 500 евра.”

Владата ги лаже и пензионерите, кои го намалија законското зголемување на нивните пензии.

„Во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, илјадници евра се трошат за непродуктивни трошоци како што се анкети, чартер авиони и егзотична храна“, велат од СДСМ.

За да биде иронијата уште поголема, додаваат оттаму, денес Мицкоски ги навреди сите граѓани нагласувајќи дека платите во Македонија не се зголемуваат затоа што продуктивноста на работниците во земјата не се зголемува.