СДСМ: Одлуката на Судот во Стразбур е победа на правдата

 Со одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, со која се потврди дека се недозволиви апликациите на седуммина поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, постигната е голема победа на правдата, за нашата правна држава и за аргументите на власта. . Вака денеска велат од Социјалдемократската лига на Македонија, информира Журнал.

„Одлуката на судот во Стразбур е важна затоа што, меѓу другото, не констатира повреда на човековите права во прогонот на членовите на тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Пропадна незаконската аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

ВМРО-ДПМНЕ загуби во Стразбур, а државните аргументи за недозволиви апликации победија и беа прифатени. Сега, независниот судски систем има одговорност и обврска пред граѓаните и законот да ги заврши сите кривични постапки кои се во тек. Владеењето на правото и правната држава, неселективноста во процедурите остануваат главни приоритети на СДСМ во процесот на градење фер општество за сите“, се наведува во партиското соопштение.