Секоја крвна група одговара на одредени пијалоци! Проверете кој не треба да пие пиво, а кој не треба да пие кафе
Постојат препорачани пијалоци за секоја крвна група – дознајте кој е најдобар за вашето здравје.
Диетата за крвна група сугерира дека јадењето одредени видови храна врз основа на вашата крвна група може да го подобри здравјето и да помогне во контролата на тежината.
Концептот на диета за крвна група првично беше воведен од д-р Џејмс Л. Д’Адамо. Тој објасни како еволуирале крвните групи во различни периоди и дека вашата крвна група влијае на изборот на храна која најмногу ви одговара.
Диетата за крвна група дава и упатства за избор на пијалок кој најмногу одговара на секоја крвна група.
Крвна група 0
За луѓето со крвна група 0 се препорачуваат сокови од црн чај, манго и гуава (тропско овошје).
Сокот од капини, кокосово млеко, сок од мандарина и пиво не се препорачуваат за оваа крвна група.
Крвна група А
За луѓето со оваа крвна група се препорачуваат алкални овошни сокови како што е разредениот сок од црна вишна.
Луѓето со крвна група А не треба да пијат сок од портокал, сок од мандарина или домати и пиво.
Крвна група Б
Се препорачуваат сок од брусница и сок од ананас.
Кокосово млеко , сок од калинка и сок од домати не се препорачуваат за луѓе од оваа крвна група.
Крвна група АБ
Луѓето со оваа крвна група треба да пијат чај од камилица, сок од цреша, вода со лимон, јогурт, кефир.
Сокот од манго и сок од портокал не се препорачуваат. Кофеинот и алкохолот исто така не се препорачуваат за луѓе со крвна група АБ, пренесува Healthline.