Сексуалните работнички во Белгија ги добиваат сите права: Пензија, породилно, годишен одмор и сè останато

Од декември, Белгија е првата земја во која сексуалните работници добиваат права како породилно отсуство и пензија.

Сексуалните работници во Белгија гледаат на својата работа поинаку од пред две недели.

– Претходно немавме никакви права – вели Мел, која не сака да се споменува нејзиното презиме.

– Да речеме, ако се разболиш, забремениш и потоа станеш мајка. Или, сетете се на короната кога сè одеднаш пропадна – вели таа.

Сега таа е задоволна што конечно има закон кој предвидува право на државна помош.

-Тоа значи платен годишен одмор и боледувања, пензија и породилно отсуство.

Оваа сексуална работничка во Брисел со гордост забележува дека Белгија е првата земја во светот што донесе сеопфатен закон за работни односи за сексуалните работници. Минатата пролет беше усвоен со големо мнозинство во парламентот, а стапи на сила во декември. Безбедност за сексуалните работници