Сепак ќе се гради пругата кон Бугарија, Европската комсија потврди дека Македониja и Бугарија си подале рака за соработка

„Коридор 8“ од чијшто продукт е железничкото поврзување, а Бугарија со Македонија станува приоритет на двете земји. Ова го потврдиле претставниците од Минситерството за транспорт и врски, заменикот и генералниот секретар од земјава и нивните колеги од Бугарија пред европската комисија.

Двата тима ја изразиле посветеноста да продолжат со изградбата на железничкиот коридор VIII според регулативата TEN-T во рамки на состанокот со финансиските институции ЕИБ и ЕБОР и Секретаријатот на Транспортната заедница. Двете земји се согласија да одржат редовен дијалог на високо ниво и да формираат заедничка работна група за Коридорот VIII.

Дополнително, соодветните министерства ќе работат на изнаоѓање координирано техничко решение за изградба на прекуграничниот дел од Коридорот. Северна Македонија и Бугарија, исто така, ја поздравуваат поддршката на Координаторот на Европскиот коридор за Западен Балкан – Источен Медитеран и на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница за напредување на Коридорот VIII, се вели информацијата споделена на официјалниот сајт на Европската комисија.

По овој состанок паѓаат во вода најавите дека земјата може да инсистира средствата планирани за „Коридорот 8“ да се наменат за други инфраструктурни проекти, и изјавите на премиерот и министерот за транспорт и врски дека тој проект води во ќорсокак.