Сестрата на Нејмар го покажа целиот свој раскош во мини бикини: Еве зошто дури 6 милиони луѓе ја следат на Инстаграм! (ФОТО)
Сестрата на Нејмар, Рафаела Сантос, беше ,,фатена” од папараците како безгрижно се капи, а нејзините облини тешко остануваа незабележани.
Сестрата на популарниот фудбалер Нејмар, 26-годишната Рафаела Сантос е снимена како ужива на плажата Бара де Тијука во друштво на пријател, а на сите присутни им било тешко да не ги забележат нејзините облини во минијатурен костим за капење. .
Рафаела беше облечена во розова и црна танга, а тие парчиња ткаенина едвај ѝ ги сокриваа градите и задникот, кои беа видно испапчени.
Рафаела сака да ги уредува своите фотографии на Инстаграм, па тие многу се разликуваат од оние на кои е ,,фатена” неподготвена, а нејзините тетоважи по целото тело ќе ги привлечат погледите на многумина.
Рафаела нормално е голем поддржувач на својот брат и страстен навивач, а колку знае да ужива во навивањето говори и фактот што еднаш го измести рамото додека го славеше неговиот гол. Братот и сестрата се многу блиски, заедно пораснаа во скромен дом во Сао Паоло и често споделуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи, а таа често го придружува и на патувања.
Рафаела има шест милиони следбеници на Инстаграм, а нејзиниот постар брат има неверојатни 205 милиони. Својата блискост ја покажале и со тетоважите кои си ги посветиле, таа му ги истетовирала очите на левата рака, додека тој нејзиното лице на раката.
Во моментов и двајцата уживаат во сингл живот, откако минатата година Нејмар раскина со Бруно Бјанкарди, со кој беше во врска нешто повеќе од една година.
Рафаела е сингл по раскинувањето со фудбалерот Лукас Лима, а иако се шпекулираше дека се смириле, тие не го потврдија тоа. Пред тоа Рафалија се бакнуваше со братот на нејзината блиска пријателка Габигола, кој некогаш го нарекуваа новиот Нејмар.