Како што соопшти Државната агенција за статистика, Македонија бележи пораст на бројот на туристи во однос на истиот период минатата година.
„Во периодот јануари – август 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 22.0%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.4%, а кај странските има зголемување за 42.4%. се наведува во извештајот на Државната агенција за статистика.
Во месец август биле регистрирани 216.872 туристи, од кои 102.061 странски туристи, додека лани биле регистрирани 190.855, така што 74.673 биле странски туристи.
Потсетуваме дека во периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 18,8 отсто и дека: кај локалните туристи има намалување за 1,2 отсто, додека кај странските туристи има пораст од 32,9 отсто.