Познатата холивудска актерка Сидни Свини се појави на доделувањето на наградите „Еми“ во провокативен црвен фустан со длабоко деколте.
На церемонијата на доделување награди имаше еден момент за кој интернетот сè уште врева. Кога Сидни Свини се качи на сцената за да му ја додели наградата за најдобра споредна машка улога на Овен Купер, камерите фатија еден детаљ што целосно ја засени церемонијата.
Додека одеше кон микрофонот, беше снимен кадар на кој се гледаат нејзините гради како потскокнуваат под фустанот, а снимката набрзо стана вирална на социјалните мрежи.
Видеото беше споделено илјадници пати во рекордно време и предизвика лавина од коментари.

Додека некои тврдат дека сцената е „секси и природна“ и ја фалат актерката за нејзината самодоверба, други сметаат дека видеото е одвратно и ја засенува самата церемонија и победниците.
„Ова е пример за тоа како камерата може да фокусира на сосема погрешни работи “, напиша еден корисник на Твитер, додека други одговорија дека „најнормално е луѓето да реагираат на она што го гледаат“.
Sydney Sweeney at the EMMYS (2025) pic.twitter.com/8BYdLG3gmS
— cinesthetic. (@TheCinesthetic) September 15, 2025
Без оглед на поделените мислења, јасно е дека овој неочекуван шут стана главна тема на вечерта и за него се зборува повеќе отколку за наградите.