Се обидела да отруе бремена колешка, но не ја забележала камерата: Нејзиното објаснување е бизарно

Бизарна приказна доаѓа од Кина, каде неименувана жена е осомничена дека наводно се обидела да отруе колешка од работа, или подобро кажано да и’ ја прекине бременоста.

Шокантниот случај беше во центарот на вниманието на медиумите, а се случи во државна институција во провинцијата Хубеи.

Пеколниот план наводно бил откриен откако жртвата забележала дека нејзината вода има чуден вкус.

Отпрвин се посомневала дека проблемот е во цевките за вода, но вкусот останал ист кога купила шише во продавницата.

Еден од колегите се пошегувал дека „некој се обидува да ја отруе“, па жената тајно ја вклучила камерата на таблетот.Полицијата, Лисиците

Така таа снимила колега кој се приближил до нејзиното биро и истурил бел прав во чашата вода. Оштетената случајот го пријавила во полиција, а случајот се постапува со најголема сериозност.

Засега не е познато каква супстанца истурила во чашата.

Обвинетата наводно рекла дека сакала да ја прекине бременоста на колешката, бидејќи породилното дополнително ќе и’ го зголеми обемот на работа, пренесува Oddity Central.