Се огласи Вучиќ: Србија бара итно свикување на седницата на Советот за безбедност на ОН за Косово и Метохија

0

Добивме наредба од претседателот Александар Вучиќ да ги започнеме сите подготовки и процедури за свикување итна седница на Советот за безбедност на ОН во врска со ситуацијата на Косово и Метохија, изјави директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.

Србија ќе побара свикување на вонредна седница на Советот за безбедност на ОН.

– Прашање на денови е кога ќе го испратиме барањето и кога ќе се одржи таа седница – додаде тој.

Потсетуваме, тројца Срби денеска беа уапсени на Косово и Метохија.

– Нека ни кажат од Запад дали можат да го задржат Курти, бидејќи ова веќе нема смисла. Сите негови потези имаат поддршка од некој кој јавно повикува на деескалација, но всушност го тапка по рамо. Кој е тој некој наскоро ќе се знае, претседателот на Србија ќе зборува за тоа на Генералното собрание на ОН – рече Петковиќ.

Најпрво во утринските часови во Северна Митровица уапсен е И.Е., а во Звечан Д.М., кој е поранешен член на косовската полиција.

Во Прилужје денеска е уапсен З.К., а по апсењето полицијата го одвела во Приштина.