Се огласи манекенката по вестта за нејзиното апсење: Со една реченица на сите им ја затвори устата и покажа како ужива на одмор ФОТО

0

Вестта дека манекенката Џиџи Хадид е уапсена со пријателка на Кајманските острови го обиколи светот.

Имено, таа е уапсена и обвинета за поседување марихуана и слични наркотични средства и прибор за нивна употреба.

Манекенката патувала со пријателката Леа Никол Мекартни и пристигнале со приватен авион на меѓународниот аеродром Овен Робертс на 10 јули.

Цариниците го скенирале нејзиниот багаж и пронашле мало пакување во кое имало марихуана како и „опрема“ за консумирање. Марихуаната наводно била само за лична употреба, но девојките биле уапсени. На 12 јули, тие се изјаснија за виновни, беа казнети со 1.000 долари и беа ослободени со кауција без обвинение во нивната евиденција. Тие продолжија да уживаат на одмор на Кајманските Острови, каде што употребата на канабис, освен маслото CBD за медицински цели, е забранета од 2016 година.

Додека одекна веста за марихуаната и апсењето, Џиџи на својот Инстаграм профил позира во секси костим за капење и напиша само една реченица.

„Сè е добро штом добро завршува“, напиша таа покрај фотографиите на кои ужива со пријателите на плажа.

Да потсетиме, Јелена Нура Џиџи Хадид е една од најпознатите светски манекенки, таа има палестинско-холандско потекло. Нејзината помлада сестра Бела и помалиот брат Анвар исто така се занимаваат со манекенство. Џиџи Хади беше прогласена за меѓународен модел на годината од BFC во 2016 година.

Таткото на Џиџи Хадид е познатиот палестински бизнисмен Мухамед Хадид, мајката на Јоланда Хадид е познат модел. Родена е во 1995 година во Лос Анџелес. Завршила средно училиште во Малибу и се посветила на модата. Имаше само две години кога се појави во модна кампања за детска облека. Пред девет години и’ беше дијагностициран тироидитис Хашимото. Со англискиот пејач Зејн Малик почна да се гледа во 2015 година, а во 2020 година добија ќерка.