Се огласи џуџето кое го забавуваше Јамал на неговата роденденска забава: Ние си ја работиме нашата работа, никој не нè навреди
Роденденската забава на Ламине Јамал за неговиот 18-ти роденден предизвика многу реакции, првенствено затоа што ангажирал џуџиња само за забава.
Иако малку се знае за тоа што точно се случило во луксузната вила во Оливела, некои детали сепак станаа јавни, а јавноста беше згрозена што Јамал покани изведувачи со џуџест раст на забавата.
Поради ова, Здружението на луѓе со ахондроплазија и други скелетни дисплазии (ADEE) јавно го осуди потегот на Јамал да вработи луѓе со џуџест раст како дел од забавна програма.
Сепак, еден од четворицата изведувачи со џуџест раст реши да проговори во интервју за емисијата Versio RAC1 на радио станицата RAC1, но под услов на анонимност.
„Никој не нè навреди, оставете нè да работиме мирно. Не разбирам зошто толку многу се зборува за ова. Ние сме обични луѓе кои прават што сакаат, на сосема легален начин“, рече тој, додавајќи:
„Здружението ADEE нè спречува со години. Сакаат да ни забранат да ја работиме работата што ја сакаме, а во исто време, никогаш не ни понудиле работа. Ние сме аниматори и само си ја работиме работата. Зошто не можеме да ја работиме таа работа? Поради нашата физичка градба? Ние не сме циркуски мајмуни. Танцуваме, делиме пијалоци, изведуваме трикови…“, додаде тој.