Се снима филм за Агаси и Штефи Граф: Премиерата е закажана за 2024 година

Љубовната приказна на тениските ѕвезди низ деведесеттите години на минатиот век, Германката Штефи Граф и Американецот Андре Агаси, како и нивните спортски успеси, ќе ја доживеат премиерата на големото платно.

Премиерата на филмот под наслов „Perfect match“ треба да се случи во 2024 година, а зад неа стои компанијата на Amazon Prime Video. Легендарната Штефи Граф ќе ја игра актерката Лена Кленке, додека Агаси ќе го игра Тоби Себастијан.

Во текот на нејзината блескава кариера, Граф освои дури 22 Грен слем титули. Таа го освои Вимблдон седум пати, Ролан Гарос шест пати, УС Опен пет пати и Австралија Опен четири пати.

Една година помладиот Агаси има осум Грен слем титули во своите витрини. Четири пати го освои Австралија Опен, двапати УС Опен и по еднаш Ролан Гарос и Вимблдон.

Тие се во брак од 2001 година и живеат во САД со двете деца.