Се соблече во бикини два месеци по породувањето и ја запали Копакабана: Вака изгледа 30 години помладата сопруга на поранешниот сопруг на Моника Белучи (фото)

Францускиот актер Винсент Касел (58) и неговата сопруга, бразилската манекенка Нара Баптиста (28), во понеделникот уживаа на бразилските плажи, на првото појавување во јавноста откако станаа родители. Двојката во јануари годинава објави дека добиле син, кој го нарекле Кајетано.

Касел, кој веќе има три деца од претходните бракови, беше видно расположен додека уживаше на морските бранови со сопругата и дваесетгодишната ќерка Дева. Иако се породи пред само осум недели, Нара гордо ја покажа својата витка линија во зелено плетено бикини, истакнувајќи колку брзо се вратила во форма по породувањето.

Слика од екранот 2025-03-13 092815.png

Емотивна објава на социјалните мрежи

Нара сподели трогателни моменти со својот син на нејзиниот Инстаграм профил на почетокот на оваа година, вклучително и фотографии од неа како го држи во раце за прв пат. Таа покрај фотографиите напиша и емотивна порака:

,,Ти благодарам синко, ти благодарам што ме избра за мајка. Оваа љубов не може да се вклопи во мене, преплавени сум со чувства, плачам и плачам… Но ова се солзи на чиста љубов!”

Љубовна приказна и почеток на ново поглавје

Касел и Баптиста првпат се појавија во јавноста во ноември 2023 година, само неколку месеци откако актерот се разведе од поранешната сопруга, манекенката Тина Кунаки. Романсата меѓу Винсент и Нара брзо го привлече вниманието на јавноста, а во септември минатата година објавија дека чекаат бебе.

Овој брак е трет по ред за Касел. Пред Нара, тој беше во брак со италијанската актерка Моника Белучи, со која има две ќерки – Дева (20) и Леонија (13), а од бракот со Тина Кунаки ја има петгодишната ќерка Амазонија.

Нов почеток во име на љубовта и семејството

Винсент Касел очигледно најде нова среќа со својата многу помлада сопруга. Нивната приказна е пример за тоа како животот може да изненади и да донесе нови почетоци во неочекувани моменти. Нивната љубовна приказна, зачинета со раѓањето на синот, сигурно ќе продолжи да го привлекува вниманието на јавноста, бидејќи тие уживаат во семејниот живот и во секојдневните моменти на среќа.