Она што се Обединетите нации за светот, тоа е Европската Унија за Европа – мултилатерален проект со возвишена цел – мир на континентот. Таа го постигнува ова преку проширување врз основа на Копенхашките критериуми – демократија, владеење на правото, човекови права и слободи и пазарна економија, нагласи претседателката Гордана Силјановска Давкова, говорејќи на годишниот самит Конкордија, што се одржува денес во Њујорк.
Како што објавува AIM, таа рече дека ЕУ, како регионално, европско олицетворение на мултилатерализмот, има должност непристрасно и континуирано да го брани мултилатерализмот.Други теми
„Европската Унија не може да го брани мултилатерализмот во светот ако го предаде на сопствениот континент. Проширувањето не е техничко прашање, туку тест дали ЕУ ќе го избере патот на конкордија или неслога, дали ќе биде Унија на правила и стандарди или Унија на двојни стандарди и противречности“, рече претседателот.
Таа нагласи дека ако регионот на Западен Балкан сака да стане дел од ЕУ, мора да се поддржуваме едни со други.
„Ако регионот сака да биде дел од ЕУ, мора да се поддржуваме и да се разбираме. Како можеме да очекуваме ЕУ да нè разбере ако ние не се разбираме. Мора да се разбираме и да се поддржуваме, исто како што Шведска, Данска и Норвешка направија за балтичките земји. Тие апсолутно ја поддржаа нивната европска интеграција и резултатот е видлив. Но, за разлика од нив, нашите соседи често користат вето, додека членството бара консензус и ако една земја не се согласи, не можете да станете членка на ЕУ“, рече Силјановска Давкова.
Според неа, крајно време е да се направат промени во процесот на донесување одлуки во ЕУ, а ова, како што нагласи, неодамна го изјави и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Но, како што подвлече, за ова е потребен и консензус во ЕУ.
„Ова создава проблем. Можеме да направиме сè што треба да направиме во економијата, реформите… но сепак, нашите разговори зависат од нашите соседи“, рече претседателот.