Син (18) со секира ја убил својата мајка а телото ѝ го запалил

Жена чии иницијали се С.В.(50) денеска починала во Велика Обарска, на подрачјето на Бјелина, како последица на тешки повреди на главата и мозокот, а за ова е осомничен нејзиниот син М.В.(18), кој исто така е уапсен.

Ова го потврди Окружното јавно обвинителство на Бјелина. Како што додаваат, откако жената починала од повредите нанесени со секира, младиот маж и го запалил телото.

– Од тешка повреда на главата и мозокот починала женско лице со иницијали С.В., кои повреди и ‘биле нанесени од механички алат, секира – соопштија во ОЈТ Бијелина.

Злосторството се случило утрово околу 8 часот. Причината за смртта била утврдена со обдукција која била извршена денеска.

Според Обвинителството, против осомничениот ќе биде поднесен предлог за определување мерка притвор до надлежниот суд.