Ова е најпознатото дуо мајка-ќерка во светот…
Кејт Мос неодамна беше фотографирана на улиците на главниот град на Франција во крајно провокативно издание.
Како што пренесува „Дејли мејл“, легендарната манекенка од деведесетите била задолжена да го организира големиот 22-ри роденден на нејзината сакана – Лила Мос.
Кејт за оваа специјална пригода облече мини фустан кој ги откри нејзините витки нозе, но и манекенското тело кое ја краси со години. Таа додаде хеланки со леопард принт на целокупниот изглед, како и густа златна нараквица.
Што се однесува до нејзиниот наследник, Лила се одлучи за помалку гламурозно издание. Таа носеше едноставен црн фустан со реси, а долгата коса ја обликуваше во класична пунџа.
Како ви се допаѓаат нивните изданија?