СКАНДАЛ – САД го шпионирале Володимир Зеленски! Протекоа нови тајни документи: “Украинците сакале да нападнат руска територија, а ова била целта!“

0

Високо тајни документи на Пентагон протекоа на Интернет во последните недели и открија како Соединетите Американски Држави (САД) ги шпионираат сојузниците и непријателите, длабоко вознемирувајќи ги американските официјални лица кои стравуваат дека откритијата би можеле да ги компромитираат чувствителните извори и да ги загрозат добрите односи со другите западни земји.

Еден дел од документите се однесува на конфликтот односно војната меѓу Русија и Украина. Тензијата дополнително се зголеми поради наводното шпионирање на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Володимир Зеленски

Некои од документите, за кои американски официјални лица велат дека се автентични, го откриваат степенот на американското прислушување и следење на клучните сојузници, вклучувајќи ги Јужна Кореја, Израел и Украина.

Други документи откриваат до кој степен каде укажуваат на тоа дека САД навлегле во Министерството за одбрана на Русија и во руската платеничка воена организација Вагнер, главно преку пресретнати комуникации и извори, кои сега можеби се изложени на ризик. Има и такви кои ги идентификуваат клучните слабости во оружјето на Украина, против-воздушната одбрана, големината и подготвеноста на војската во критичната фаза на војната, додека украинските сили се подготвуваат да започнат контраофанзива против Русите. Ова исто така би можело да има големо влијание на односите меѓу САД и Украина, кои почнаа да развиваат однос на взаемна доверба за споделување на разузнавачки информации.

Украина веќе промени некои од своите воени планови поради протекувањето на овие доверливи информации“ изјавил за CNN извор близок до украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Документите се појавија на платформата за социјални медиуми Дискорд (Discord). 

Беа објавени фотографии од стуткани документи поставени на врвот на списанијата и опкружени со други случајни предмети, како што се чанти. Се чини дека тие биле набрзина преклопени и турнати во ‘џеб’ пред да бидат отстранети на безбедно место“, изјавил за CNN извор запознаен со документите.

Портпаролот на Дискорд потврди во неделата дека тие соработуваат со органите на редот за истрагата.

Американските сојузници сега ја проценуваат штетата, обидувајќи се да утврдат дали некој од нивните извори и методи е компромитиран од објавувањето на овие доверливи документи.

Очекуваме САД да споделат со нас проценка на штетите во наредните денови, но не можеме да ја чекаме нивната проценка. Ние ја правиме нашата работа во моментов“, изјавил официјален претставник од земја, која е дел од групата за споделување разузнавачки информации со САД што ги вклучува Австралија, Канада, Нов Зеланд и Велика Британија.

Ние ги разгледуваме овие документи за да откриеме дали некоја од разузнавачките информации доаѓа од нашата колекција“, потенцирал службеникот за горе-споменатиот медиум.

Друг официјален претставник изразил загриженост за објавените информации за Украина за време на војната. Официјалниот претставник, исто така, истакнал дека е алармантно да се види еден од документите од февруари со наслов – „Русија-Украина: Битката за регионот Донбас најверојатно ќе доведе до ќор-сокак во текот на 2023 година“.

Во документот се наведуваат предизвиците во проценката на „одржливоста на украинските операции“.

Ќе биде тешко да се дојде до победа за Украина, но тоа не помага јавно да се обелоденат приватните американски проценки што укажува на веројатен застој од една година“, вели претставникот.

CNN прегледа 53 од протечените документи, од кои сите се чини дека се произведени помеѓу средината на февруари и почетокот на март.

Еден документ открива дека САД го шпионирале и Володимир Зеленски. Тоа не е изненадувачки, кажал извор близок до украинскиот претседател, но украинските власти се длабоко фрустрирани од протекувањето на овие осетливи информации.

Извештајот на американското разузнавање, изведен од Signals Intelligence, вели дека – „на крајот на февруари Володимир Зеленски предложил да се нападнат руски локации во регионот Ростов со помош на беспилотни летала, бидејќи Украина нема оружје со долг дострел способно да достигне толку далеку“.

Во врска со тоа, друг разузнавачки извештај вели дека – „Кина би можела да ги искористи украинските напади врз цели длабоко во Русија како можност да го позиционира НАТО како агресор и може да ја зголеми својата помош за Русија доколку смета дека нападите се значајни“.

Михаило Подољак, советник на претседателот на Украина, во петокот на својот профил на социјалната мрежа Телеграм објави дека верува оти документите што се шират се неавтентични, немаат никаква врска со вистинските планови на Украина и се врз основа на голема количина на фиктивни информации.

Друг документ со исклучителни детали го опишува разговорот меѓу двајца високи јужнокорејски функционери за национална безбедност за загриженоста на Советот за национална безбедност Јужна Кореја во врска со американското барање за муниција. Официјалните лица се загрижени дека снабдувањето со муниција, која САД потоа би ја испратиле во Украина, би ја нарушила политиката на Јужна Кореја да не доставува смртоносна помош за земјите во војна.

Според документот, еден од официјалните лица тогаш предложил начин да се заобиколи политиката без да се менува – со продажба на муниција на Полска. Документот веќе предизвика контроверзии во Сеул, а јужнокорејските власти им кажаа на новинарите дека планираат да разговараат за ова прашање со Вашингтон, објави New York Times.

Официјални лица од други земји, исто така, планираат да разгледаат и разговараат за ова прашање со Вашингтон, но сè уште не ги одржале тие разговори бидејќи чекаат да видат што ќе каже администрацијата на Џо Бајден за објавените документи во наредните денови.