Славица Ќуктераш го пријавила во полиција поранешниот маж: Голманот ѝ праќал заканувачки пораки, еве што го чека кога ќе се врати во Србија (фото)

Пејачката Славица Ќуктераш го пријавила својот поранешен сопруг (поранешен голман) Владимир Аврамов во новосадската полиција поради заканите кои и’ ги упатувал.

– Приговорот ја поднела во средата, бидејќи Аврамов во неколку наврати и’ испраќал заканувачки пораки, а причината е спор околу старателството – вели изворот.

Од полициската управа во Нови Сад потврдија дека случајот е пријавен. Владимир моментално е во странство, а кога ќе се врати ќе биде сослушан и ќе му биде изречена итна забрана за задржување.

– Немам коментар. Нема да коментирам.. Се надевам дека ме разбирате – изјавила пејачката во кратката изјава.

Пејачката во јануари 2020 година потврди дека е разведена.

– Ништо сензационално. Кога човек има дете, приоритетите се менуваат и во целата приказна најважно е детето да ги има и двајцата родители. Има распаднат дом и има разделен дом, кога родителите не живеат заедно. Едно е кога детето живее во мир, а друго е кога детето не живее во мир – рече Славица кога зборуваше за разводот во српските ТВ емисии.