Смени пол и стана дел од фудбалската историја: Ова никогаш не се случило!

Израелскиот судија Сапир Берман (30) стана првата трансродова личност која водела меѓународен натпревар под покровителство на УЕФА!

Сапир го водеше натпреварот меѓу кадетите на Северна Ирска и Црна Гора во квалификациите за Европското првенство (У-17).

– Ова е само почеток. По 14 години на теренот, чест ми е да станам меѓународен судија. Тоа е огромна чест, неопислива среќа, но пред сè, можност да продолжам да го работам она што го сакам, во светот во кој пораснав и кој ме обликуваше. „Каков неверојатен начин да се започне ново поглавје, рече Берман.

Извршниот директор на Синдикатот на судии Јарив Тефер напорно се трудеше да обезбеди меѓународна лиценца за Сапир, а сега конечно е донесена одлуката трансродово лице да суди на меѓународни натпревари.

Во 2021 година, Сапир откри дека е трансродова и се идентификува како жена.

– Отсекогаш се гледав себеси како жена, уште од мала – рекол Берман и додал:

– Сфатив дека општеството нема да ме прифати, дека нема да биде на моја страна и така беше цели 26 години. Пред шест месеци решив да покажам кој сум, пред сè на себе, додаде Берман, чие родено име беше Саги.