Шише шкотско виски било продадено за близу 2,2 милиони фунти (околу 2,5 милиони евра), што е рекорд на аукција за едно шише вино или алкохолни пијалоци.
Макалан Адами 1926 беше продаден во Сотби во Лондон.
Само 40 шишиња од ова виски биле флаширани во 1986 година, по стареење во буриња 60 години.
Дванаесет шишиња, вклучувајќи го и продаденото, имаа етикети дизајнирани од италијанскиот сликар Валерио Адами.
Друго шише од истото буре беше продадено од Сотби во 2019 година за близу 1,5 милиони фунти, што е рекорд за вино или алкохол до сега.
„Macallan 1926 е вискито кое секој аукционер сака да го продаде и секој колекционер сака да го поседува“, рече Џони Фаул, глобален директор за алкохолни пијалаци на Сотби.
Тој изјави дека овие рекордни продажби не се помалку важни за индустријата за виски во целина.
Шефот на одделот за виски на Сотби, Џони Фаул, пред продажбата изјави за АФП дека може да го проба ценетиот виски, пренесува Индекс.
„Пробав мала капка од ова. Многу е богат, со многу сушено овошје, како што би очекувале, многу зачини и дрвенест вкус“, рече тој. Тој нагласи дека 60 години се чувал во темен европски даб, што се одразувало во бојата.
„Тоа не е виски што го земате здраво за готово. Богата, богата капка, но неверојатнa“, рече тој.