Советот за безбедност на ОН утре ќе одржи итна седница за ситуацијата во Појасот Газа

0

 Советот за безбедност на ОН утре ќе одржи уште една итна седница посветена на ситуацијата во Појасот Газа, каде во тек е судир меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

„Со оглед на влошената ситуација во Газа, нападот на болницата Ал-Шифа и повторените напади на бегалскиот камп Џабалија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кина повикаа на затворени консултации што ќе се одржат на 6 ноември во 15 часот“, соопшти Мисијата на ОАЕ во ОН.