Денеска (05.12.2024 година) во 01,05 часот на ПС Струмица, пријавено е дека на магистралниот пат А4, делот од с.Новосела до с.Секирник, возило „БМВ“ од Струмица со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Ч. (37) од село Зубово, струмичко, излетал од патот и се превртел.
Од здобиените повреди возачот на возилото починал на местото на настанот, додека лекарот од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Јавен обвинител и екипа на ПС Струмица извршиле проверка на местото и по наредба на јавен обвинител мртвото тело на починатиот е испратено на обдукција.