Сопругата на Ричард Гир откри дека планираат да се вратат во САД: Животот во Шпанија не ги исполни очекувањата

Сопругата на актерот Ричард Гир, Алехандра Силва неодамна откри зошто планираат да се вратат во САД.

Имено, Ричард Гир неодамна изјавил дека е „посреќен од кога било“ откако тој и неговото семејство на крајот на минатата година ги напуштиле САД и се преселиле во Шпанија.

Сепак, се чини дека нивниот престој во Шпанија не беше се на што се надеваа, а неговата сопруга Алехандра Силва открива дека и недостасуваат САД.

На еден настан во Њујорк, репортер на Дејли Мејл ја праша дали планира засекогаш да остане во Шпанија, а таа одговори дека ќе остане неколку години, а потоа ќе се врати во САД. Сепак, таа додаде дека секогаш ќе се враќа.

„Ќе се вратиме овде во текот на летото бидејќи нашите деца се во кампот. Само треба да ги балансираме нашите животи таму и овде“, рече таа.

Причината за нивното враќање во САД било тоа што многу и недостасувало семејството, поради што често се враќаат.

Алехандра Силва претходно изјави дека се чувствува „привилегирана што може да избега“. Иако Силва изјави дека нивното преселување во Шпанија нема никаква врска со доаѓањето на Доналд Трамп на власт, Гир во неколку наврати го критикуваше американскиот претседател, велејќи дека „тие се на многу темно место“ и дека Трамп е силеџија и насилник.

Двојката дури го продала својот ранч во Конектикат пред да се пресели во родната Шпанија на Силва, каде се населиле во Мадрид со синовите Александар (6) и Џејмс (4).