Познато е дека консумирањето на боровинки има многу позитивни ефекти врз здравјето на луѓето. Тие се богати со антиоксиданти. Често се означени како суперхрана, тие имаат малку калории и се неверојатно добри за здравјето на луѓето. Тие се толку вкусни што многумина ги сметаат за нивно омилено овошје.
Еден оброк боровинки неделно го забавува губењето на меморијата, поради тоа што со нивна помош се исфрлаат токсичните протеини кои се акумулираат во мозокот. Научните истражувања сугерираат дека тие ги подобруваат и когнитивните способности. Една студија објавена во „Annals of Neurology“ наведува дека жените кои редовно консумираат боровинки на старост ги одржуваат своите когнитивни способности недопрени до две и пол години подолго од оние кои немаат таква навика.
Една порција од 100 грама од ова овошје има само 84 калории и задоволува четвртина од дневните потреби за витамин Ц, а содржи и 114 милиграми калиум.
Совршените боровинки би требало да имаат „правлив“ изглед, односно нивната површина да изгледа како на неа да има прашина. Немојте да ги миете сè додека не одлучите да ги јадете.