СПАСЕН MAЖ ПО 115 ЧАСА ПОД урнатините: Тлото во Турција и Сирија се уште не стивнува, бројот на загинати е речиси 24.000 ВИДЕО

0

Повеќе од 23.000 луѓе загинаа во разорните земјотреси што во понеделникот ги погодија јужните делови на Турција и Сирија, објавија денеска нови официјални податоци.

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди во понеделник наутро пограничната област меѓу Турција и Сирија, каде живеат повеќе од 13,5 милиони луѓе.