Која е новата љубов на Бил Гејтс – вдовицата на неговиот пријател

Неговата нова романса доаѓа две години откако се раздели од сопругата Мелинда Гејтс по 27 години брак.

Бил Гејтс (67) изгледа има нова девојка – се шпекулира дека е во врска со Пола Херд (60).

Херд е вдовица на поранешниот извршен директор и претседател на Oracle, Марк Херд, кој почина на 62-годишна возраст во 2019 година по битка со ракот.

Тие се неразделни“, вели пријател на парот за Дејли Меил.

„Тие се заедно повеќе од една година и таа отсекогаш била опишувана како „мистериозна“, но за нивниот близок круг не е мистерија дека тие се во романтична врска“, додал изворот.

Херд сега е планер и организатор на настани и филантроп, а претходно работела во технолошкиот сектор. Нејзиниот покоен сопруг, кој поголемиот дел од својата кариера го помина во технолошката компанија NCR пред да се приклучи на технолошкиот гигант Oracle во 2010 година, во моментот на неговата смрт вредеше 500 милиони долари.

И не е изненадувачки што патиштата на основачот на Мајкрософт и извршниот директор на Oracle – истакнати личности од Силиконската долина – се вкрстија низ годините.

Марк, поранешен тениски студент, и Пола дури беа фотографирани зад Гејтс на тениски меч во Калифорнија во 2015 година. Но, минатиот месец, Пола и Бил беа видени како заедно го гледаат финалето во сингл за мажи на Австралија опен во Мелбурн.

Пола, чие моминско презиме е Калупа, служеше како извршен директор на NCR во 1990 година кога се омажи за нејзиниот покоен сопруг, кој помина 25 години растејќи ја компанијата. Тие живееле во округот Сан Матео и имаат две ќерки, Кетрин и Кели.

Неколку дена по нивната посета на Австралија, Гејтс во интервју призна дека е отворен за романтични врски по разводот. Запрашан дали би сакал повторно да најде љубов во интервју за Би-Би-Си за време на посетата на Кенија минатата недела, тој одговори: „Се разбира, јас не сум робот“.

Неговата нова романса со Херд доаѓа две години откако тој се раздели од сопругата Мелинда Гејтс по 27 години брак.