Контроверзниот почеток на романсата меѓу поранешниот сопруг на Моника Белучи и Тина Кунаки

Во брак се пет години, а од почетокот нивната љубов предизвика големи контроверзии.

Додека целиот свет е згрозен од наводната врска на Леонардо ди Каприо со манекенката Еден Полани, кој има 19 години, забораваме дека ваквите романси, со драстично голема разлика во години, воопшто не се ретки во светот на познатите.

Парот кој редовно се наоѓа на листите на најубави и најзгодни, Винсент Касел и Тина Кунаки, се запознале кога тој имал 50, а таа 19.

Во брак се пет години, а од почетокот нивната љубов предизвика големи контроверзии.

Според медиумите, Винсент Касел и Тина Кунаки се сретнале на Ибица. Двојката ја објави својата врска на Инстаграм во август 2016 година кога сподели слика од плажа. Сепак, Винсент Касел одби да зборува за медиумите за неговиот приватен живот. Парот потоа прошета заедно на црвениот тепих на модното шоу на Викторија Сикрет во Париз во ноември 2016 година.

На почетокот никој не мислеше дека нивната романса ќе трае повеќе од неколку недели, поради 31-годишната разлика меѓу нив. Но, тие го покажаа спротивното.

Пред Тина, Винсент Касел живеел со италијанската филмска ѕвезда Моника Белучи 18 години. На крајот на август 2013 година, италијанската новинска агенција Анса објави за раскинувањето на еден од најубавите парови на европската кинематографија.

Од 2013 година, Касел живее во Рио де Жанеиро. Како што пишуваше, една од причините за разделбата на актерот со Моника била желбата да живее во Бразил, кој Винсент толку многу го сака. Кунаки и Касел се запознале дури во 2015 година, па таа не била причина за неговата разделба од Моника.

Како и Моника Белучи, Тина пораснала во Италија. Нејзиниот татко е од Мароко, а нејзината мајка е родена и израсната на Сицилија.

Откако се венчаа на француското село во 2018 година, Тина следната година ја роди нивната ќерка Амазони. Во ретко интервју за Мадам Фигаро, тие зборуваа за нивниот брачен живот.

„Ние постојано патуваме, нашата ќерка Амазони веќе двапати го обиколи светот! Сите зборуваме неколку јазици. Тина, откако ја познавам, многу течно зборуваше шпански и англиски, како и португалски. Патувањето дава перспектива за потеклото. Знаеме повеќе за тоа кои сме кога одиме на друго место да видиме како живеат луѓето таму. Исто така, се разбира, тоа е инспиративно“, изјави Винсент.