Роналдо вчера одби да го изведе пеналот: Причината засекогаш ќе го промени вашето мислење за него (ВИДЕО)

Потешко од очекувањата, фудбалерите на Ал Наср остварија нова победа. Воопшто не беше лесно, но трите бода се тука и тоа е најважно за нив сега.

Откако лидерот во лигата, Ал-Итихад, славеше победа, Ал Наср немаше избор. На крајот триумфираше и се доближи на само бод до лидерот.

На гостите ВАР системот во седмата минута им поништи пенал но 20-ина минути подоцна Адам ја смести топката во мрежата за 0:1.

Нервозата навлезе во редовите на домашните, кои постојано напаѓаа, создаваа шанси, но беа без реализација. Кога тоа не беше можно од игра, беше можно од прекин. Благодарение на тоа што го имаат еден од најдобрите играчи во светот – Кристијано Роналдо, во 79. минута од слободен удар и од голема далечина погоди спектакуларно за 1:1.

Потоа гостите останаа со играч помалку бидејќи Ал Судани доби втор жолт картон, а во 86. минута Ал Наср го постигна вториот гол за комплетен пресврт и победа. Беше досуден пенал и секако сите очекуваа Роналдо да ја преземе одговорноста.

Сепак, поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Јувентус и Реал Мадрид му ја подари топката на Талиска, кој погоди за 2:1.

Со овој гол Талиска стигна до број 14 и сега е само гол зад Хамдала, Мароканецот кој настапува за лидерот Ал-Итихад. Роналдо покажа колку навистина е несебичен и му помогна на Бразилецот да ја продолжи борбата за титулата најдобар стрелец на првенството.

Иако подоцна дојде во лигата, ни Роналдо не е далеку. Сега има девет гола и две асистенции.