РЕТРОГРАДНИОТ САТУРН ГАЗИ, А НАЈМНОГУ ЌЕ ВЛИЈАЕ НА 4 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ Господарот на КАРМАТА носи ЛЕКЦИИ кои го менуваат животот од КОРЕН

Сатурн, планетата за која многу астролози мислат дека владее со нашата карма, оди ретроградно во знакот Риби и ќе продолжи да го прави тоа до 4-ти ноември, што ќе биде доволно време да се донесат суштински промени.

Ретроградниот Сатурн се смета за важен астролошки настан бидејќи претставува различни аспекти од нашите животи, вклучувајќи структура, одговорност, авторитет, дисциплина, ограничувања и карма. Се смета дека ретроградните периоди на Сатурн носат интроспекција, саморефлексија и можност за раст и трансформација во овие области.

Кармички лекции

За време на ретроградноста на Сатурн, може да се појават предизвици и пречки. Тоа може да донесе чувство на ограниченост, преиспитување на сопствените цели и амбиции, соочување со одговорност или потреба од промени или обврски во животот. Ретроградните периоди на Сатурн може да донесат и кармички лекции што треба да се научат.

Сепак, ретроградниот Сатурн дава можност и за внатрешен раст и развој. Ова може да вклучува преиспитување на сопствените вредности, зајакнување на внатрешната дисциплина и поставување на темелите за долгорочен успех. 

4 хороскопски знаци се нападнати

Ретроградниот Сатурн најмногу ќе влијае на четири хороскопски знаци, вклучувајќи ги Стрелец, Риби, Близнаци и Девица .

СТРЕЛЕЦ

Сатурн е ретрограден во вашата четврта куќа, што значи тежок однос со семејството или блиска личност. Ова е и периодот од годината во кој можете да се занимавате со прашање на стан. Во секој случај, треба да ги поправите семејните односи или да го решите проблемот со станот. Некои Стрелци може да одлучат да се преселат.

РИБИ

Најмногу ќе бидете погодени од ретроградниот Сатурн. Борбата со личните стравови, ниската самодоверба, сомнежот во себе, сето тоа се манифестации на ретроградниот Сатурн. Може да поминете низ депресивни фази, а не е исклучено да се повлечете во себе. Искористете го овој период за лична трансформација и ослободување од минатите, негативни работи кои ве оптоваруваат.

ДЕВИЦА

Ретроградниот Сатурн во седмата куќа ви носи криза во бракот или партнерските односи. Можна е криза бидејќи вие и вашиот партнер треба да решите нешто што ве оптоварува од минатото. Од друга страна, ќе имате впечаток дека полагате тест на работното место.

БЛИЗНАЦИ

Сатурн во десеттата куќа ви носи промени на работното место. Оваа планетарна позиција може да доведе до промена на професијата или компанијата. Многу припадници на вашиот знак веќе почнаа да работат на тој план, а во интервалот од следните две години можете целосно да ја промените својата професија или компанија. Во секој случај, оваа промена ќе ви донесе многу работа и тешкотии, но ќе биде неопходна.