Целиот свет беше фасциниран од нивното раѓање: Вака денес изгледаат близнаците кои се родија фатени за раце (фото/видео)

Целиот свет беше фасциниран од неверојатното раѓање на две сестри кои дојдоа на светот држејќи се за рака. Вака денес изгледаат овие најдобри пријателки.

Во април, поточно на денот на мајката, се родија сестрите Џена и Џилијан, кои на својата мајка Сара и’ го дадоа најдобриот можен подарок. Целиот свет тогаш слушна за овие преслатки девојчиња, бидејќи тие дојдоа на светот држејќи се за раце.

Сепак, лекарите ги подготвија своите родители за најлош исход.

Имено, Џена и Џилијан се родени со царски рез и припаѓаат на многу редок тип на близнаци. Тие се „моно моно“ близнаци, што значи дека делеле плацента и амнионска кеса.

„Џена е посрамежлива и потивка, а Џилијан е многу палава”, вели нивната мајка Сара.

И покрај нивните разлики, овие две преслатки сестри се поврзани на чудесен начин, а нивната неверојатна приказна предизвикува насмевки на лицата и девет години по нивното раѓање.

„Сè уште чувствувам ,,пеперутки во стомакот” кога ќе ја погледнам таа фотографија на која тие две се држат за рака, тоа е еден од оние ретки моменти што никогаш нема да ги заборавите. Не ми се верува дека тоа навистина се случило се случило“, рече Сара.

Лекарите истакнуваат дека тоа се случува многу ретко – во една од 10.000 бремености.