ВИДЕО | Се појави снимка од болница – претепаниот судија разговараше со претседателот Реџеп Таип Ердоган: Еве што “Султанот“ вети

Поради инцидентот на крајот од натпреварот од турската Суперлига помеѓу Анкарагуџу и Ризеспор, главниот судија Умут Мелер беше удрен со тупаница во главата, а потоа неколку пати со нога по земја.

Претседателот на АнкарагуџуФарук Коџа, слезе на теренот и предизвика жесток инцидент поради кој Турскиот фудбалски сојуз одлучи да го прекине првенството. Умут Мелер наводно му рекол на семејството дека повеќе не планира да суди во Турција, а по натпреварот бил префрлен во блиската болница. И претседателот Фарук Коџа е во болница поради висок крвен притисок.

За време на престојот во болничкиот кревет, несреќниот 38-годишен судија го посетил специјален гостин, кој му дозволил телефонски да разговара со претседателот на државата – Реџеп Таип Ердоган. Тој ја изрази својата тага поради инцидентот, даде зборови на поддршка и вети праведно решавање на ситуацијата. На видеото се гледа дека Умут Мелер не е во најдобра состојба, окото му е затворено и болничка облека.

@playspor

#Cumhurbaşkanı RecepTayyipErdoğan, #HalilUmutMeler ile telefonla görüşüp geçmiş olsun dileklerini iletti. #hakem #FarukKoca #fypシ #fyp

♬ orijinal ses – Play Spor