“ЕДНА РАБОТА МОЖЕ ДА БИДЕ МНОГУ ЛОША“ – Дали враќањто на Златан Ибрахимовиќ може да биде проблем за Милан ?

Златан Ибрахимовиќ се врати во Милан каде ќе биде „оперативен партнер“ и „советник на сопственикот и раководството“. Иако повеќето со ентузијазам го дочекаа враќањето на Ибра, има и такви кои се загрижени поради тоа.

Фабио Капело изјави дека не му е баш сè јасно и дека има чувство дека враќањето на Златан Ибрахимовиќ може да изврши дополнителен притисок врз тренерот Стефано Пиоли, што би било фатално за тимот.

Може ли да дојде во Милан ? Дали може да разговара со играчите ? Што може да направи ? Ибра е паметен човек и може да игра клучна улога во некои ситуации, но кога се врати во Милан како играч беше во соблекувалната и тогаш можеше да има влијание“, изјави Фабио Капело за Sky Sport Italia и продолжи: „Од најавата не е јасно дали може да влезе во соблекувалната, дали може да му помогне на Стефано Пиоли или пак овој потег на враќање на Ибра во Милан ќе биде негативен за тренерот кој би можел да го загуби водството. Мислам дека тоа е најважно. Другата страна на медалот е дека Ибра може да ја подигне мотивацијата на играчите, да им објасни дека сите се пред тест и да добијат повеќе сили за постигнување резултати, почнувајќи од натпреварот со Њукасл“.

Новинарот на Sky Sport Italia истакна дека на Милан веројатно му е потребен само искусен човек за работа со тимот по заминувањето на Паоло Малдини минатото лето.

Тоа е проблемот. Тоа значи дека им недостигаше некој да ги замени Паоло Малдини и Рики Масара. Дали поради тоа клубот го врати Златан Ибрахимовиќ ? Тоа е моето прашање. Повторувам, Ибра може да ја покрие таа улога бидејќи е паметен и сака да се докажува надвор од теренот, па може да биде одлично решение за Милан, но му треба и искуство. Ќе мора полека да оди во се и да ја има поддршката од клубот“, заклучува тој.