Карло Анчелоти верува во себе и својот клуб: “Реал Мадрид има квалитет да ја освои Лигата на шампиони!“

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изјави пред вечерашниот дуел против Унион Берлин дека „Кралскиот клуб“ поседува квалитет да ја освои фудбалската Лига на шампиони.

Направивме одлична работа во групната фаза. Секогаш е тешко да се освои Лигата на шампиони, но мислам дека поседуваме квалитет докрај да се бориме и да го освоиме ова натпреварување“, вели Карло Анчелоти.

Реал Мадрид пред вечерашното гостување во Берлин го обезбеди првото место во групата Ц освојувајќи максимални 15 бодови во претходните пет натпревари.

Го освоивме првото место на табелата и ја остваривме целта. Сакаме групната фаза да ја завршиме на високо ниво. Ова е посебно натпреварување. Нашиот план е (вечерва) да одиграме добро и да победиме“, порача Карло Анчелоти.