БАЈДЕН СО ПОТПИС ЈА ОДОБРИ ЗАБРАНАТА НА ТИК-ТОК! Директорот на фирмата му возврати жестоко: Ова е удар, иронија, гасење на слободата

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон според кој ByteDance, кој е сопственик на TikTok, мора да го продаде својот удел во компанијата во рок од една година, за да избегне забрана за оваа апликација во САД.

ByteDance има девет месеци да најде купувач за TikTok. Рокот може да се продолжи (за 90 дена) само доколку претседателот оцени дека има напредок во целиот процес.

Портпаролот на TikTok, Алекс Хаурек, рече дека планот на компанијата е да го оспори законот и да ги одложи важечките рокови.

Директорот на TikTok, Шоу Зи Чу го објави видеото на оваа мрежа и јасно го изрази своето незадоволство и дека ова е удар за корисниците и слободата на говорот.

– Ова е забрана за тебе и твојот глас. Ќе ви го одземат Тик-Ток на 170 милиони од вас Американците – рече тој.

– Ова е иронично, бидејќи слободата на говор на TikTok ги одразува американските вредности кои го прават бастион на слободата – рече тој во видеото.

@tiktok

Response to TikTok Ban Bill

♬ original sound – TikTok

Со денови се зборува за тоа кој би можел да биде купувач на оваа платформа во Америка,

Бизнисот на огромната популарна платформа за социјални медиуми во САД вреди некаде помеѓу 35 и 40 милијарди долари, што значи дека нема да биде лесно да се најде купувач со доволно длабоки џебови.

Патем, не е изненадување што Бајден го одобри законот што го изгласа Сенатот, бидејќи тој веќе најави поддршка.

Инаку, Домот ја усвои „забраната“ или присилната продажба на TikTok како дел од нацрт-законот за воена помош за Украина и Израел.

Предлог-законот следи по претходните напори на американските власти да го ограничат пристапот до апликацијата, наведувајќи ги ризиците за националната безбедност.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп неуспешно се обиде да ја забрани апликацијата кога беше во Белата куќа во 2020 година.

Но, Трамп, кој повторно ќе се кандидира за претседател овој ноември, сега го критикува предложениот закон, велејќи дека ограничувањето на TikTok ќе му даде неправедна предност на Facebook.