Спасовски за бегството на Груби: „Батериите“ на камерите во „Блаце“ не можат да бидат причина за ваквото неодговорно однесување на МВР
Претседателот на Пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, бара целосно расчистување на случајот со бегството на поранешниот вицепремиер Артан Груби и утврдување одговорност за неговото преминување на граничниот пункт во „Блаце“, пренесува Телеграфи Македонија.
Очигледно треба целосно да се расчисти случајот и да се утврди одговорноста, но не само на полицајците туку и на нивните претпоставени, како и да се утврди евентуалната политичка одговорност“, нагласува Спасовски во изјава за „Локално“.
Според Спасовски, јасно е дека „батериите“ на камерите на граничниот премин „Блаце“ не можат да бидат причина, како што вели, за ваквото неодговорно и незаконско однесување.
,,МВР мора да одговори дали системот бил функционален и дали функционирал видео надзорот, што е многу лесно да се провери“, нагласува Спасовски.
Во дел од мислењето се смета дека бегството на Груб е договорено меѓу партиите на власт, за што Спасовски нагласува дека треба да се расчистат сите дилеми.
„Доколку не се расчистат сите дилеми и не се утврди одговорноста, сомнежот и недовербата сигурно ќе останат“, додава тој.