Спиеле во специјален кревет а умреле во ист ден: Ова се првите Сијамски близнаци кои имале жени и 21 дете (фото/видео)

Браќата Чанг и Енг Бункер родени на 11 мај 1811 година во Сиам – денешен Тајланд, беа неразделни близнаци споени со лигамент кој се наоѓа над нивните колкови. Нивната мајка ги поттикнала што повеќе да го истегнат лигаментот што ги поврзува за да можат да функционираат „одвоено“ што е можно повеќе, што го направиле бидејќи лигаментот што ги поврзувал се проширил дури 12 сантиметри.

Како резултат на нивната слава, терминот ,,сијамски близнаци” почна да се користи за сите споени близнаци, од која било националност.

Трчаа, пливаа, им помагаа на родителите во земјоделството и домашните работи. Во една прилика ги забележал Британецот Роберт Хантер и ги убедил нивните родители да ги однесат на Запад во циркус, на што се согласиле. Таму настапуваа и до шест дена во неделата, правеа салто, креваа тегови и играа шах.

Чанг и Инг Бункер

Докторите откриле дека и двајцата браќа се чувствуваат исто, на пример, ако само едниот го скокоткаат или ако едниот јаде нешто што не му се допаѓа, и другиот ќе го почувствува тоа. Тие беа многу интелигентни.

Во 1838 година, тие се преселиле во Северна Каролина, каде што запознале две сестри на нивниот сосед. Чанг веднаш се вљубил во едната од сестрите, а таа му ја возвратила љубовта, па било договорено Енг да се ожени и со другата сестра.

Никому не му било јасно како паровите имаат нормален сексуален живот, но и двајцата имале многу деца. Чанг имал десет деца , а неговиот брат Енг дури 11. Креветот во кој спиеја беше наместен за четворица , а браќата лежеа на средина додека нивните сопруги беа на страните.

За време на граѓанската војна останале без пари, па решиле да се вратат во циркусот.

Во една прилика, Чанг доживеал срцев удар, и му се парализирала целата десна страна. Близнаците воопшто не сакале да се разделат додека не стигнале на возраст кога почнале да се плашат дека едниот од нив ќе умре, а другиот ќе живее со трупот.

Сепак, лекарите не сакале да ги разделат.

Во 1874 година, Чанг се заразил со бронхитис и починал два дена подоцна. Енг се разбудил покрај мртво тело и во паника не знаел што да прави. 

„Тогаш и јас ќе одам“, рекол тој и починал од тага и болка по само три часа.