„Срам да ти е, пукаше на децата во глава! Карлеуша се истури на психологот кој побарал враќање на малолетниот убиец на училиште

0

„Ова е навреда за здравиот разум!

Проф. Д-р Александар Фатиќ од Институтот за применети хуманистички науки ја шокираше јавноста во Србија кога побара ослободување на К.К.(13), кој уби осум ученици и чувар на училиштето „Владислав Рибникар“, а рани шест ученици и еден наставник.

Истото барање до полицијата го упатила и мајката на момчето.

По повод говорот на Фатиќ се огласи и  Јелена Карлеуша  која на Инстаграм напиша дека момчето К.К никогаш не смее да биде на слобода.

– Отсекогаш сум била за слобода на говор и медиуми, но ваквата слобода е навреда за здравиот разум, навреда за убиените деца и навреда за цела Србија. Кој сакаш да се врати на училиште? Масовен убиец? Што да прават со него, да го караат и да го стават во ќош? Срам да ти е, брат! На децата им пукал во глава. Тој нишани кон главата и срцето и не промаши. Планирано, студено и мирно. Дете? – е дел од објавата на Карлеуша на споменатата социјална мрежа.

Да потсетиме, Александар Фатиќ гостуваше на телевизија каде изјави дека според него е најдобро момчето да се врати на училиште.