Министерот за образование Бранко Ружиќ поднесе неотповиклива оставка.
Во писмото упатено до премиерката Ана Брнабиќ, Ружиќ уште еднаш изрази длабоко сочувство до најблиските на жртвите и додаде, ангелчињата да почиваат во мир и Господ да е на помош за нешто вакво никогаш повеќе не се случува.
,,Драматичните слики од настаните од училиштето, солзите пролеани при изразувањето сочувство до неутешните родители на повредените деца ќе ги носам како печат на мојата душа до крајот на мојот живот“, вели Ружиќ во писмото до премиерот и продолжи:
„Во молкот на тридневната национална жалост, како одговорен и воспитан човек, професионалец во вршењето на сите досегашни јавни должности, како родител и граѓанин на Република Србија, која секогаш ми е на прво место, и согласно член 23 од Законот за Влада ја донесов единствената рационална и чесна одлука во овие околности“.
Тој потсети дека оставката ја понудил на денот кога се случи трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“.
Да потсетиме, Ружиќ утрово положи венец и се потпиша во книгата на жалост во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград.