Со помош на каранфилче, ќе го исчистите вашиот дом од сребрени рипки.
Каранфилчето, познато по својот силен и пријатен мирис, може да биде едноставно, природно решение за несаканите инсекти во домот. Особено е ефикасно против сребрените рипки, ситни, брзи инсекти кои често се задржуваат во бањи, подруми и други влажни, темни места.

За да ги избркате, доволно е да ставите неколку каранфилчиња во мали садови или кеси и да ги поставите зад врати, во плакари и на други критични места. Мирисот на каранфилчињата делува како природен репелент и ги одбива овие штетници кои можат да ја оштетат хартијата, ткаенините и храната.
Трикот е едноставен, не бара хемикалии и може да помогне со други инсекти, само важно е редовно да го обновувате за најдобар ефект.