Фудбалскиот стадион „Местаља“ во Валенсија е претворен во центар за собирање храна и помош за настраданите во оваа шпанска провинција на југоистокот на земјата која беше погодена од разорни поплави.
Откако над 90 лица загинаа во излевање на локалните реки и лизгање на земјиштето, шпанскиот фудбалски прволигаш го стави на располагање својот дом со 49.430 седишта.
„Волонтери ќе собираат донации за настраданите“, соопшти клубот.
Локалните медиуми јавија дека од попладнево на стадионот почнало собирањето храна, облека и други потреби.
Шпанската провинција Валенсија е погодена од најсмртоносната природна катастрофа во последните четири децении.
Сè уште се трага по десетици луѓе, а на многумина им се уништени куќите.
Настапите на локалните фудбалски и кошаркарски клубови закажани за денеска се откажани.
Шпанија прогласи тридневна жалост, а премиерот Педро Санчез ќе утре ќе ја посети провинцијата.