Станија соблечена по гаќи го бодреше Ѓоковиќ, жешките кадри ги објави на Инстаграм: Балканците останаа фрапирани (фото)
Станија Добројевиќ го бодреше Новак Ѓоковиќ во нејзиниот дом во САД, во гаќички, а жешките кадри ги објави на својот Инстаграм профил.
Старлетата Станија Добројевиќ ги навикна своите следбеници на голи изданија. Таа секојдневно ја почестува широката публика со фотографии во раскошни костими за капење, кратки мини здолништа, а сега успеа да оди чекор понатаму.
Имено, Станија, исто како и остатокот од Балканот, вчера го бодреше најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ во неговото патување на Отвореното првенство на Франција во тенис и објави неколку видеа и слики во долна облека.
– Цел град спие, само јас сум нервозна од рано наутро – напиша Добројевиќ во објава од Лас Вегас со неколку снимки од нејзината интимна зона, а нејзините нозе потпрени на масата.
Да потсетиме, Станија отсекогаш јавно покажувала симпатии кон легендарниот тенисер, што го поткрепуваат и нејзините изјави од пред девет години.
– Новак е мојот најдобар пријател меѓу спортистите. Иако сите мои пријатели кажуваат колку е грд, јас го сметам за многу убав – изјавила Станија одамна.