Стив Џобс се колнe во правилото од 10 минути! Тврдел дека поради него е попаметен

Познатиот американски бизнисмен Стив Џобс секогаш се придржувал до едно едноставно правило – доколку некој проблем на работа му пречел повеќе од 10 минути, би се прошетал.

Стив Џобс беше основач и сопственик на компанијата Apple, пронаоѓач кој многу придонесе за развојот на модерната технологија.

Ефективноста на „10-минутното правило“ на Џобс, односно одење на прошетка за да го разбистрите умот и да најдете решение за некој проблем, е потврдено од модерната невронаука. 

 Долгата прошетка беше неговиот омилен начин за сериозен разговор – изјави биографот на Џобс, Волтер Ајзаксон.

– Поголемиот дел од времето што го поминавме заедно го поминувавме на тивка прошетка – се присети пријателот на Џобс, легендарниот дизајнер Џони Ајвс.

Постојаното одење на Џобс не било само поради љубовта кон природата или физичките вежби. Покојниот шеф на Apple интуитивно знаел нешто што невронауката сега го докажува – одењето прави вашиот мозок да работи малку подобро и ви помага да ги решите проблемите што порано ве збунувале додека седите.

Џобс, исто така, ги изведе новите кандидати за работа на прошетка и на пијачка , со цел да има порелаксиран разговор со нив. 

Денес, невролозите ја препорачуваат практиката на Џобс – тие препорачуваат редовно да се следи правилото од 10 минути. Затоа, ако не сте решиле тежок ментален проблем по 10 минути обид, станете и одете на прошетка.

Миту Сторони, невронаучник од Универзитетот во Кембриџ, објасни дека постојат голем број начини да го направите вашиот мозок да работи поефикасно, вклучувајќи го и правилото од 10 минути.

– Еден генерален директор го усвои правилото дека ако седне пред компјутерот со проблем што не можел да го реши 10 минути, го напушта бирото и оди на прошетка – изјави Сторони.

Научникот објасни дека кога треба да смислите нова идеја или да решите проблем, потребна ви е опуштена ментална состојба каде што вашиот ум може да функционира поинаку. 

Наместо да се обидуваме да форсираме идеи, тврди Сторони, треба да го туркаме нашиот мозок во оптимална состојба за да се појават иновативни решенија. Тој додава дека пешачењето ве одржува во вистинската психичка состојба. Имено, пешачењето ве тера да размислувате за многу нови работи, но ве спречува и опсесивно да размислувате за која било идеја, пренесува inc.com.