Страшна снимка од Собрание: Пратеничката Јасмина ја полеа со вода, лежи во несвест, брзата помош брзо пристигна

Застрашувачки снимки пристигнуваат од Националното собрание. На нив се гледа како пратеничката Јасмина Обрадовиќ, за која тврдат дека доживеала мозочен удар поради димни бомби, лежи во несвест. Колегите панично ја полеваат со вода .

Брзата помош пристигнува. Ја носат во инвалидска количка.

Нередите избија кога пратеникот на Зелениот лев фронт (ЗЛФ) Радомир Лазовиќ се упати кон говорницата, но беше спречен од собраниското обезбедување. Пратеничката на ЗЛФ Билјана Ѓорѓевиќ го следеше, по што следеше инцидент со туркање.

Потоа пратениците од опозицијата запалија факели, а собраниската сала се наполни со чад .