Силно невреме пропратено со силен дожд денеска го погоди Дубаи , а на мрежите се појавија застрашувачки видеа на кои се гледа силен дожд што паѓа, поради што авионот едвај се движи по пистата.
Аеродромот излезе со соопштение за невремето:
Операциите на меѓународниот аеродром во Дубаи беа прекинати на 25 минути во вторникот поради силно невреме, се вели во соопштението, пренесе Ројтерс .
„Во меѓувреме во Дубаи, поплава на судниот ден“, се вели во објавата на мрежата „Х“.
Како што потоа додаде аеродромот, операциите се рестартирани.
Имено, до 12:02 часот утринава откажани се вкупно 21 појдовен и 24 влезен лет, а три лета се пренасочени кон други соседни аеродроми , изјави портпаролот на Дубаи за Gulf News.